Целовечерен концерт на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски во Филхармонија

Фото: Промо

Голем концерт најавуваат нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски, кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на македонската Филхармонија.

Нивниот целовечерен концерт ќе се одржи на 16 февруари со почеток во 19:30 часот, а на програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба.

Извонредниот талент на тројцата врвни претставници на македонската музика одамна ја има својата потврда на светската сцена, а имињата на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски се запишани и зад едни од најраскошните, маестрални концертни доживувања кај нас.

Покрај меѓународниот успех и соработки, како музички уметници и автори, нив ги поврзува безвременоста на музиката која ја создаваат со фантастичен сензибилитет и оригиналноста во нивните беспрекорни изведби.

Фото: Промо

Во среда, (24 јануари) во 10 часот наутро започнува продажбата на влезниците за концертот, а ќе бидат достапни во сите продажни места на „МкТикетс“ и онлајн на овој линк.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот