„Бургер Ана Франк“ и „помфрит Хитлер“: Ресторан на удар поради „невкусна“ маркетинг кампања

Фото: Принтскрин/ Твитер

Ресторанот за брза храна „Хонки Донки“ (Honky Donky) во Рафаела, Аргентина, ги укина „бургерот Ана Франк“ и „помфритот Хитлер“ по реакциите од локалната еврејска заедница.

Еврејската заедница на Рафаела (Comunidad Judía de Rafaela) го осуди ресторанот поради јадењата, објавувајќи изјава на својата фејсбук-страница во која ја нагласуваат огорченоста кон потегот на ресторанот.

„Со оглед на сознанијата на јавноста дека еден ресторан за брза храна во нашиот град тривијално ги користи имињата на Ана Франк и Адолф Хитлер за да ги именува своите производи, Еврејската заедница на Рафаела го изразува своето најдлабоко отфрлање и огорченост, најавувајќи дека ќе преземеме правни мерки што одговараат на фактот во прашање“, напишаа тие.

Меѓу другите видови јадења кои сè уште се нудат се „Бенито“, „Џингис“ и „Мао“, именувани соодветно по италијанскиот фашистички водач, монголскиот освојувач и кинескиот комунистички диктатор.

Ресторанот објави дека повеќе нема да нуди јадења со тема холокауст, со извинување до јавноста за невкусната маркетиншка кампања. „Бургерот Ана Франк“ беше преименуван во чест на Ана Болејн, втората сопруга на англискиот крал Хенри Осми пред да биде обезглавена, пишува „Еуроњуз“(Euronews).

Сопственикот на ресторанот изјави дека наскоро ќе пушти нови хамбургери и помфрит именувани по попозитивни луѓе. Отсега тоа ќе бидат личности како Ганди, Мајка Тереза, Мартин Лутер или Далај Лама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот