Бугарското собрание утре ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски

На редовна седница, утре, бугарското Народно собрание ќе гласа за предлог владата „Габровски”, објавено е на веб-страницата на парламентот.

Прва точка на дневниот ред утре ќе биде изборот на премиер, вклучувајќи ја и структурата и изборот на членовите на новата бугарска Влада.

Движењето за права и слободи и партијата „Бугарски подем” на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев доцна вечерва ќе се изјаснат дали ќе поддржат влада со мандат на ГЕРБ-СДС.

Преостанатите партии и коалиции во Народното собрание – „Промените продолжуваат”, „Демократска Бугарија”, БСП и „Препород” веќе се изјаснија дека ќе гласаат против

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот