Бугарското МНР ја повика руската амбасадорка

Бугарија МНР/ фото: ЕПА

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова повикана е денеска во Министерството за надворешни работи на Бугарија по информациите дека Русија го бара бугарскиот новинар Христо Грозев.

Други теми на разговор ќе бидат забраната за изучување на бугарскиот јазик во окупираните региони на Украина од страна на Руската Федерација и отстранувањето на портретите на бугарски историски личности, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Грозев работи за независната истражувачка новинарска мрежа „Белингкат“, чии активности Москва ги прогласи за непожелни.

Во соопштението на руското МНР се наведува дека тој се бара поради прекршување на „член од Кривичниот законик на Руската Федерација”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот