Бугарскиот главен обвинител ги награди сите кои учествуваа во откривање на руската шпионска група

Бугарскиот Главен обвинител, Иван Гешев, награди десетици началници на специјалните служби, обвинители, истражители и воени разузнавачи кои учествуваа во откривањето на шпионската мрежа што работела за Русија, јави дописникот на МИА од Софија.

За време на откривањето на групата беа приведени шестмина бугарски државјани, вклучувајќи и поранешни и сегашни воени лица, од кои петмина се во притвор, како и висок службеник одговорен за тајните преписки во бугарскиот Парламент.

Покрај тоа, Бугарија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата.

Меѓу наградените се двајца заменици главни обвинители на Бугарија, како и шефот на бугарското воено разузнавање Велко Атанасов, шефот на контраразузнавањето (САНС) Димитар Георгиев, главниот секретар на Министерството за внатрешни работи и воени обвинители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот