Бугарски гигант во трката за Дени Илиев

Фото:facebook.com/ilievdejan1

Уште од претходно се шпекулира заминување на Илиев од тимот на Емери, а и како што самиот чувар на мрежата изјави потребна му е поголема минутажа на фудбалските терени.

Со националниот тим беше во изминатиот период, како резервна опција кај Ангеловски, но не доби шанса против Полска и Австрија.

EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Сега најновите информации велат дека бугарскиот вицешампион ЦСКА Софија е заинтересирана за потписот на нашиот Илиев кој имаше 17 мечеви за У23 тимот на Арсенал.

Сезонава ЦСКА Софија водеш голема трка за титулата во бугарскиот шампионат, само еден бод помалку зад шампионот Лудогорец.

ЦСКА Софија водеше преговори за Илиев (кој воедно има и бугарски пасош) и во пролетта 2018, но немаше трансфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот