Дени Илиев е подготвен да го напушти Арсенал

EPA-EFE

Менаџерот на „топчиите“ Унаи Емери како прва опција на располагање Бернд Лено, а според „Билд“ интерес е покажан за младиот германски репрезентативец, Маркус Шуберт кој има договор со второлигашот Динамо Дрезден до крајот на сезоната.

Забележа 43 настапи за Дрезден во втората Бундеслига, а во април ги информираше луѓето во клубот дека има намера да си замине по истекот на договорот.

Истиот извор информира дека македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев е подготвен да го напушти Арсенал заедно со легендарниот Чех.

DEJAN ILIEV – FACEBOOK

Нашиот интернационалец воглавно досега беше дел од У23 тимот на Арсенал со 17 официјални настапи во втората Премиерлига.

Лани потпиша нов договор 2+2 со клубот од „Емирати“, минатата зима како што и самиот изјави очекува да замине на позајмица каде што ќе може да стекне првотимско искуство кое што би било голем чекор за напредокот во неговата кариера.

– Да се биде дел од Арсенал е прекрасно, имам прилика да соработувам пред се со големи и интелигентни луѓе, а и големи фудбалери и стручњаци од кои што научив премногу и секогаш ќе бидам благодарен на мојот Арсенал – беа зборовите на Илиев.

На 29. мај Арсенал во Баку ќе го игра финалето во Лига Европа против Челзи. Се очекува Илиев да биде трета алтернатива зад Лено и Чех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот