Бугарија вели дека Русија се обидела да влијае на нејзините политики околу ЕУ и енергијата

народно собрание бугарија фото МИА

Државната агенција за национална безбедност на Бугарија (ДАНС) денеска во годишниот извештај објави дека Русија се мешала во одлучувањето во Бугарија околу нејзините политики околу ЕУ и енергијата.

За да го запре ширењето на НАТО кон исток и да го зачува руското влијание во соседните балкански земји, Русија ангажирала сложени инструменти на влијание, како што се дипломатија, воена сила, специјални служби, економски лостови и зависности главно во енергетската сфера, информативна пропаганда и кампањи за дезинформација, како и сајбернапади, се вели во документот. Бугарија е предмет на систематски разузнавачки интерес насочен кон обврските на Бугарија во ЕУ и НАТО, модернизацијата на нејзината армија, економијата и внатрешната политика, како и поради серијата парламентарни избори минатата година, вели агенцијата.

Според ДАНС, имало обиди за влијание врз државните, воените, образовните и верските институции, медиумите, забележува бугарската специјална служба во својот извештај. Забележани се и обиди за мешање во изборите и во директното носење политички одлуки, се наведува во отворениот дел на документот.

„Единствените откриени шпиони во Бугарија беа од Русија, но имаше и четири други странски служби кои се обидоа да добијат информации за земјата”, се наведува во извештајот.

ДАНС во својот извештај посветува посебно внимание на обидите да се искористи пандемијата на Ковид-19 и преку ширење лажни вести и директно за дискредитација на бугарските и европските институции, дека се слаби и немоќни да се справат со пандемијата и дека ЕУ не може да се справи со овој предизвик. Нагласена е големата зависност од Србија, Русија и Кина. Во анализите на бугарските служби се истакнуваат обидите на Србија за дестабилизација на Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот