Бугарија осуди двајца членови на Хезболах на доживотен затвор за масакрот врз израелски туристи во Бургас во 2012 година

Фото: FBI

Специјалниот суд во Бугарија изрече доживотна казна затвор на двајцата мажи за кои во судска постапка се докажа дека биле соучесници во терористичкиот напад врз израелските туристи во Бургас пред осум години, јави агенцијата ДПА.

Пресудите, кои можат да бидат обжалени, се изречени на австрискиот државјанин Мелиад Фарах (39) и на канадскиот државјанин Хасан Ел Хаџ Хасан, појасни германската агенција. Двајцата мажи со либанско потекло се осомничени дека имале врски со Хезболах.

Фарах и Ел Хаџ Хасан се осудени во отсуство, како помагатели на 23 годишниот бомбаш-самоубиец кој на 18 јули во 2012 година на аеродромот во Бургас уби 18 израелски туристи и возачот на автобусот.

Напаѓачот за кој, исто така, се верува дека е поврзан со Хезболах, носел експлозив во ранец. Тој влетал во автобусот додека чекал да се качи израелската група и тогаш го активирал експлозивниот уред, појасни ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот