Илијана Јотова и Андреј Ѓуров / Фото: БГНЕС

Бугарија доби привремен премиер – Јотова го назначи заменик-гувернерот Андреј Ѓуров

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова го назначи заменик-гувернерот на Народната банка, Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер, кој треба да состави и да ја води владата, до парламентарните избори на 19 април. Состанокот за официјално доверување на мандатот ќе се одржи утре, на 12 февруари, пренесуваат бугарските медиуми.

Ѓуров е поранешен пратеник и лидер на парламентарната група на ПП, а во 2023 година стана заменик-гувернер на НББ. Неговиот мандат на оваа функција беше обележан со контроверзии: распуштената Комисија за спречување корупција (КПК) го обвини дека продолжил да учествува во управата на политичка партија, ДОО и две здруженија. Но, во крајот на 2024 година, Градскиот административен суд во Софија ја поништи одлуката на КПК, а случајот продолжува пред Судот на ЕУ, оставајќи ја неговата кандидатура како спорна точка за критичарите.

Политичките консултации на претседателката со парламентарните партии завршија вчера. Јотова инсистира дека изборот на привремен премиер треба да е резултат на споделена одговорност со Народното собрание, кое ја води листата на потенцијални кандидати („домската книга“). Практично, мнозинството парламентарни формации не ја поддржаа Јотова, освен АПС и „Величие“, кои јасно го предложија Ѓуров. ПП-ДБ, пак, делумно го поддржаа, истакнувајќи дека другите кандидати се „поврзани со Дељан Пеевски“.

Следниот технички премиер мора да ја врати довербата на граѓаните во изборите, порача Јотова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот