Фото: Clubz.bg / Веселин Боришев

Бугари славеле национален празник со руски знамиња, ги вееле и пред Радев во Софија

Одбележувањето на националниот празник на Бугарија – 3 Март и годинава минува со понекое развеано руско знаме, јавуваат локалните медиуми..

Десетици Бугари вееле знамиња на Русија на врвот Шипка, каде традиционално и годинава се одржа централната манифестација по повод ослободувањето на Бугарија.

Руски знамињња имало и во центарот на Софија, само на стотина метри од официјалната државна церемонија пред Споменикот на Незнајниот воин, во која учествуваше бугарскиот претседател Румен Радев. Како што пренесува порталот clubz.bg, кој објави и фотографии од собирот, стотици луѓе со знамињата на Русија и Бугарија, како и со транспаренти „секогаш заедно“ и пораки на благодарност, дошле во центарот на бугарскиот главен град.

Руски знамиња се вееле и на одбележувањето на празникот во Пловдив, јавуваат медиумите, од кои дел забележуваат дека годинава сепак имало помалку руски обележја во прославата на националниот празник, откако Русија ја прогласи Бугарија за „непријателска земја“ поради нејзината поддршка на западните санкции против Москва поради инвазијата врз Украина.

Бугарија денеска ја одбележа 145-тата годишнина од прогласувањето независност, со кое завршило владеењето на Османлиската империја врз земјата. Русија играла голема улога во оваа одлука, преговарајќи за Санстефанскиот договор, потпишан на денешен ден во 1878 година, со кој се завршила Руско-турската војна и се формирало Кнежевството Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот