Бучковски од Софија: Подготвени сме за целосна имплементација на Договорот за добрососедство

Владо Бучковски/Фото: МИА

Северна Македонија е подготвена целосно да го имплементира Договорот за добрососедство, изјави денеска специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски по средбата во Софија со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

– Ако инструмент за тоа е патоказот, верувам дека ќе може да биде алатка со која ќе се мерат постигнувањата, истакна Бучковски на заедничката прес-конференција со Захариева.

Тој призна дека довербата меѓу двете земји во моментот е нарушена, изразувајќи притоа задоволство од конструктивните разговори со Захариева.

– Изразувам задоволство што Владата на пријателска Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник на Северна Макеоднија за Бугарија како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме загубената доверба. Се согласивме дека во периодот што претстои треба што повеќе да се фалиме со сработеното, отколку со празни зборови, истакна Бучковски.

Тој нагласи дека негова задача ќе биде да го координира исполнувањето на договорот, но не во делот на историјата.

– Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева, но можеме да ги промениме работите за посилна соработка во инфраструктурата, во образованието, културата и во зближување на дватаа народа и тоа искрено ќе го правиме, порача Бучковски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењата дека македонски претставници во Софија преговараат за „распарчување на земјата”, Бучковски категорично ги демантираше ваквите обвинувања, оценувајќи ги како целосно не точни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот