Брусница: Го чува здравјето на желудникот и помага при инфекции на уринарниот тракт

unsplash

Брусницата потекнува од Северна Америка и најчесто се употребуваат нејзините сушени плодови.

Во народната медицина ова овошје се смета за заштитник на здравјето и важи за најдобар третман на воспаленија на уринарниот тракт.

Ова дејство може да се должи на проантоцијанидините со специфична структура кои спречуваат лепење на патогени бактерии (како на пр. ешерихија коли) на слузницата на овие органи (на пр. мочниот меур).

unsplash

На иститот принцип, брусницата го чува здравјето и на желудникот и дуоденумот, заштитувајќи ги од патогената бактерија Хеликобактер пилори, која често предизвикува чиреви.

Исто така, киселоста што ја содржи брусницата, дополнително ја нарушува активноста на патогените бактерии.

Брусницата е меѓу оние овошја кои се исклучително богати со антиоксиданси. Богата е со антоцијанини, флавоноиди, проантоцијанидини, танини, фенолни киселини и друго. Флавоноидите, катехините, цинаминските киселини и антоцијанините се сметаат за моќни антиоксиданти кои спречуваат оксидативно оштетување предизвикано од активноста на слободните радикали.

unsplash

Консумирањето брусница помага во пречување на рак на дебелото црево и леукемија. Покрај тоа, обезбедува и заштита од кардиоваскуларни болести. Тоа помага да се намали концентрацијата на „лошиот“ холестерол во крвта. Исто така, нејзините киселини и флавоноли се врзуваат за холестеролот спречувајќи ја неговата оксидација иницирана од тешки метали.

Важно е да се напомене дека брусницата помага и при заштита од грип, нарушувајќи го развојот на некои видови габи.

unsplash

Вредноста на активните супстации ја препознале и од фармацевтската индустрија, а денес на пазарот има разни видови производи со активни материи од брусница неменети за заштита на здравјето.

Резултатите од научните истражувања потврдуваат дека флавонолите и проантоцијанидините од брусницата имаат антиинфламаторно дејство за дигестивниот тракт, но влијаат и на микрофлората во устата. Со своето дејство тие спречуваат развој на несакани бактерии.

Брусницата можете да ја комбинирате во сосови за месо, фил за месо, мешани гарнири, салати, компоти и десерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот