Брус Ли стана симбол за борбата против коронавирусот: Во Мостар неговата статуа доби маска и ракавици (ФОТО)

Фото: Твитер

Статуата на Брус Ли во Мостар е опремена со заштитна маска и ракавици, а на Инстаграм страницата посветена на овој мајстор за боречки вештени, стои дека тој повторно станал симбол за борба, овојпат против коронавирусот.

На Инстаграм е објавена фотографија од централниот парк во Москва, на која се гледа како на бронзената статуа на Брус Ли се ставени ракавици и зелена маска за лице.

Неговата ќерка, Шенон Ли, на својот Инстаграм профил го потсети светот на неговите зборови.

„Добар уметник нема трема, туку е спремен“, како што оваа статуа на Брус Ли е опремена со адекватна опрема за борбата со Ковид 19.

Here's a picture of the statue of Bruce Lee wearing a mask. …

Publiée par Bruce Lee Mentions On The Internet sur Lundi 6 avril 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот