ФОТО: Бронза за македонската таеквондистка Рељиќ на Европското првенство У21 во Букурешт

фото: Македонска Таеквондо Федерација

Како што информираа од Македонската Таеквондо Федерација, нашата земја се закити со медал од Европското првенство У21 во Букурешт, Романија.

Ова е четврти медал за македонското таеквондо на европските првенства до 21 година.

Најдобрата спортистка во Македонија, Мила Рељиќ во категоријата до 62 кг. успеа да го освои бронзениот медал.

На стартот Рељиќ со 2:1 ја совлада Дора Местровиќ од Хрватска, потоа во осминафиналето триумфираше со 2:1 против Дафне Стаму од Грција.

Во четвртфиналето македонската таеквондистка со 2:0 ја совлада Јулија Шпак од Полска, а со истиот резултат во полуфиналето загуби од Вивиана Мартон од Унгарија.

Во оваа категорија со злато се закити токму В. Мартон, „сребрена“ е нејзината сонародничка Луана Мартон, а бронзи имаат Рељиќ и Ирене Монтемуино од Шпанија.

фото: Македонска Таеквондо Федерација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот