Бројот на загинатите во срушена зграда на Флорида се искачи на 11, потрагата продолжува

Фото: Архива

Бројот на жртвите во срушената зграда во близина на Мајами, Флорида, се искачи на 11, бидејќи уште едно тело беше извлечено од урнатините, а операцијата за спасување продолжува, јави Гласот на Америка.

Локалните власти соопштија дека 151 лице сè уште се води како исчезнато.

Спасувачките екипи веќе пет дена ги пребаруваат урнатините на зградата во градот Сурфајд, и покрај лошите временски услови и помалите пожари.

Постојат шест до осум екипи на теренот кои бараат знаци на живот.

Причината за уривањето сè уште не е позната.

Градот Сурфајд објави документи од 2018 година, во кои се проценува дека ќе бидат потребни повеќе од девет милиони долари за решавање на проблемите презентирани во извештајот од истата година.Во тој извештај, инженерите откриле значителна структурна штета околу базенот во зградата и влошување на цементот во подземната гаража. Американските медиуми јавуваат дека еден месец по објавувањето на извештајот, градскиот службеник ги уверил станарите дека зградата е „во многу добра состојба“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот