Бројот на заболени од грип расте, КЗБ следна недела ќе ја разгледува состојбата со сите заразни заболувања

Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.

Комисијата за заразни болести следната недела ќе одржи состанок на кој ќе се разгледа состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ за МИА изјави дека состанокот ќе се одржи в среда.

– Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Починатите имале коморбидитети и не биле вакцинирани. Кај нив лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.

Од месец ноември досега, над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип. Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени ризичните групи – стари лица – над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

– Вакцинацијата заштитува и претставува најдобра превентивна мерка што спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Вакцините делуваат, имаат докажана имуногеност и добра ефикасност, велат од Министерството.

Од МЗ потсетуваат дека заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница Вакцинација.мк Потоа, тие преку СМС-порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

Исто така, во центрите за јавно здравје низ државата се врши имунизација против сезонски грип со комерцијалните вакцини.

Седум случаи на магарешка кашлица во Македонија, доктори во Србија советуваат вакцинирање на секои 10 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот