Бродот „Евер Гивен“ се врати на Суецкиот канал

Бродот Евер Гивен кој се заглави на Суецкиот канал/Фото: EPA-EFE/SUEZ CANAL AUTHORITY

Бродот „Евер Гивен“ кој се заглави на Суецкиот канал пред неколку месеци и предизвика глобално пореметување, повторно пристигна во водите каде беше заглавен со недели, а сега ќе се обиде безбедно да ги преплови водите, пренесува Гардијан.

Неколку недели откако ги напушти водите на Египет, бродот синоќа повторно пристигна на пристаништето Саид.

Операцијата која траеше со месеци, за ослободувањето на бродот, предизвика огромен застој во транспортот кај африканските земји. Некои бродови беа приморани да пловат подолги рути, заобиколувајќи го брегот на Африка.

Откако двете страни се договорија, минатиот месец „Евер Гивен“ ги напушти водите, а сопственикот на бродот изјави дека неговата компанија ќе продолжи да работи нормално и ќе остане лојална на клиентите.

Бродот сега се пробива низ каналот со кој засекогаш ќе биде асоциран, иако тој 22 пати претходно успешно го поминал каналот, тој проблем засекогаш ќе остане запамтен.

ВИДЕО: Крај на сагата, бродот „Евер Гивен“ по три месеци конечно исплови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот