Конечно ослободен бродот што го блокираше Суецкиот канал

Бродот Евер Гивен кој се заглави на Суецкиот канал/Фото: EPA-EFE/SUEZ CANAL AUTHORITY

Сопствениците на бродот Евер гивен постигнале договор со управата на Суецкиот канал да се ослободи бродот, тврдат осигурителните куќи на тој брод.

Огромниот товарен брод предизвика светска криза во снабдувањето кога на крајот на март се заглави во Суецкиот канал, каде остана шест дена, пишува Бизнис инсајдер.

Дури и откако беше одглавен, не му беше дозволено да го напушти Суецкиот канал. Прво беше задржан за инспекција, а потоа на 13 април Египет го заплени бродот, барајќи компензација.

Тој престојуваше во езерото кое е дел од Суецкиот канал, каде целиот екипаж на бродот чекаше додека двете страни преговараа.

Компанијата осигурител на бродот Ју-кеј клаб, објави соопштение во кое се наведува дека сопствениците на бродот, јапонската компанија Шоеи кисен каиша лимитед и управата на Суецкиот канал работат на тоа „да се спроведе што е можно побрзо финализацијата на потпишаниот договор“, што доведе до ослободување на бродот.

Барањето на Египет за компензација почна од речиси милијарда долари, но се намалуваше со време.

На крај побараа 550 милиони американски долари, под услов 200 милиони да бидат исплатени однапред.

Сè уште не е познато што содржи сегашниот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот