Брнабиќ: Досега над милион граѓани ги примиле двете дози на вакцина во Србија

Премиерката на Република Србија ѝ се обраќа на јавноста Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ги слушам лекарите, да најдам рамнотежа уште еднаш, ќе се обидам колку што можеме повеќе да ги релаксираме мерките, рече Брнабиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека сесијата на Кризниот штаб за борба против коронавирусот е планирана за во 16 часот денеска и дека ќе види дали е можно „да се релаксираат мерките уште малку“, објави N1.

Таа за ТВ Пинк изјави дека претходно ќе има консултации со стручниот дел од персоналот.

„Ги слушам лекарите, да најдам рамнотежа уште еднаш, ќе се обидам колку што можеме повеќе да ги релаксираме мерките“, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека Белград е лидер во вакцинацијата и дека има мал пад на инфекцијата.

Како што рече, претседателот на државата, Александар Вучиќ, ќе биде вакциниран во вторник во Рудна Глава и со тоа ќе се отвори вториот круг на вакцинација.

Премиерот на Србија изјави дека целта е 40 отсто од возрасната популација во Србија да се вакцинираат барем со првата доза до крајот на април и најави дека повеќе од 660.000 вакцини ќе пристигнат во земјава до понеделник.

Брнабиќ рече дека вечерва во Србија ќе пристигнат 57.600 дози вакцини АстраЗенека од програмата Ковакс, додека во понеделник се очекува да пристигнат 106.470 дози вакцини Фајзер и половина милион вакцини Синофарм.

„Долго чекавме (за системот Ковакс), но добро. Добро е што се организиравме и бевме сериозни да имаме билатерално склучени договори со производителите и да постигнеме скоро 2,5 милиони вакцини“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот