Британските туристи во Шпанија ХИТ на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Британските туристи се познати по несоодветното однесување и неумереностите додека патуваат на летните одмори. Тие често претеруваат со алкохолот, а како резултат често на социјалните мрежи се појавуваат необични снимки од нивните екцеси.

Жителите на бројни популарни летувалишта поради тоа често не ги обожуваат, а колку навистина се опуштени во однесувањето на одморите покажува и снимката од шпански Бенидорм. На видеото може да се забележат маж и жена која се возат на електричен скутер. Додека мажот вози, жената зад него, веројатно неговата сопруга, лежи со раширени нозе и спие.

Многумина веруваат дека таа претерала со алкохолот, а во еден момент таа дури и почна да танцува додека минуваа покрај еден клуб од кој се слуша музика.

– Нормален ден во Бенидорм – стои во описот на видеото објавено на Твитер кое во моментов има преку еден и пол милион прегледи.

https://twitter.com/AwardsDarwin/status/1172777060013694977

Иако на многу луѓе снимката им е смешна и забавна, меѓу коментарите се наоѓаат и некои кои се реални и се засрамени од постапките на Британците.

– Многу ми е срам што Британците вака се однесуваат во странство. Шпанците негодуваат токму поради вакви работи – напиша еден Британец на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот