Фото: EPA-EFE/Daniel Ricardez

БРИТАНСКИ НАУЧНИК ПОРАЧА: Ако сакате крај на ограничувањата, примете ја вакцината против ковид-19

Луѓето треба да ја примат вакцината против ковид-19 ако сакаат да стават крај на физичкото дистанцирање, изјави професорот Џнатан Ван-Там, британски заменик министер за здравство.

На прес-конференција во Даунинг стрит тој рече дека, иако на луѓето им е „преку глава” од мерките против коронавирусот, мал одзив на вакцинацијата речиси сигурно ќе направи ограничувањата да траат подолго, пренесува Скајњуз.

За време на брифингот, професорот Ван-Там, исто така, рече дека по објавата за одобрување на вакцината, тој бил должен да ги ублажи очекувањата дека пандемијата може да заврши наскоро.

0 Не мислам дека владата и натаму ќе мора да препорачува физичко дистанцирање, маски и средства за дезинфекција на рацете. Се надевам дека ќе се вратиме во многу понормален свет – рече тој, но истакна дека условот е луѓето да прифатат вакцинација.

– Никој не сака „заклучување” и штетата што ја предизвикува. Но, ако сакате тој сон да се оствари што е можно побрзо, тогаш мора да ја примите вакцината кога ќе ви биде понудена. Помал одзив сигурно ќе направи ограничувањата да траат подолго – рече Ван-Там.

Тој, сепак, повика на дополнителна претпазливост во смисла дека луѓето треба да продолжат да бидат трпеливи и да ги следат упатствата за физичко дистанцирање се додека не се препорача поинаку.

Ван-Там, исто така, рече дека верува дека вирусот ќе биде „засекогаш со човештвото” и дека тој никогаш нема да се искорени, но ќе биде сезонска болест како грипот, а не како сеопфатна пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот