Британската влада инвестира во истражување за нова нуклеарна технологија

Британскиот министер за економија Надим Захави рече дека напредните модуларни реактори се следниот чекор во нуклеарната енергија.

Британската Влада најави инвестиција од 40 милиони фунти за развој на новата генерација нуклеарна енергетска технологија и создавање нови „зелени” работни места со помош на еколошки прифатливи, помали нуклеарни централи, пишува порталот power.technology.com.

Со оваа иницијатива, Владата предвидува создавање нови можности за вработување во производството, истражувањето и развојот.

Британскиот министер за економија Надим Захави рече дека напредните модуларни реактори се следниот чекор во нуклеарната енергија и би можеле да бидат клучни во борбата против емисиите на јаглерод и климатските промени.

„Нашата инвестиција веднаш ќе создаде нови работни места во Оксфордшир, Чешир и Ланкашир, но илјадници нови работни места би можеле да се создадат во наредните децении, рече Захави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот