Британската полиција обвини и трет Русин поради труењето на Скрипал

Поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, пуштен од болница/ Фото EPA-EFE/YURY SENATOROV RUSSIA OUT / BEST QUALITY AVAILABLE

Британската полиција обвини и трет Русин за вмешаност во труењето во Солсбери во 2018-та година, во кое три лица завршија во болница, а едно почина.

Обвинителите ги одобрија обвиненијата против Денис Сергеев за отровниот напад врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, пренесува Гардијан.

По труењето, Дон Старџес почина, а еден полицаец во тешка состојба беше пренесен во болница.

Полицијата верува дека осомничените во тој случај се членови на рускиот воен разузнавачки тим. Тие сметаат дека Сергеев дејствувал како командант на терен за операцијата и бил висок член на тимот од руската ГРУ. Тоа е поврзано со други тајни активности низ Европа.

Пред Сергеј, британската полиција обвини уште двајца Руси.

Станува збор за двајца мажи кои работеле под имињата Александар Петров и Руслан Боширов. Полицијата сега ги потврди нивните вистински имиња како Анатолиј Чепига и Александар Мишкин за прв пат.

Улогата и идентитетот на Сергеев претходно ги открија новинарите од веб -страницата „Белингкет“ во февруари 2019-та година, а некои од неговите движења и телефонски контакти беа детално опишани во заедничката истрага со Би -Би -Си. Полицијата работела на собирање докази за неговата улога, што на крајот доведе до денешното соопштение.

Лондон: Ќе разговараме со рускиот амбасадор за случајот Скрипаj

Велика Британија ќе разговара со рускиот амбасадор за третиот Русин, кој во отсуство беше обвинет за обид за убиство на Сергеј Скрипал во 2018-та година, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

„Ако овие лица некогаш патуваат надвор од Русија, ќе направиме се што можеме за да ги приведеме, да ги екстрадираме и да ги изведеме пред лицето на правдата овде во Обединетото кралство“, додаде портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот