Бремената Ешли се снимала потполно гола: Се обидувам да го сакам своето тело (ФОТО+ВИДЕО)

Плус сајз манекенката Ешли Грем кон средината на август откри дека го чека првото дете. Веста ја сподели на 9-годишнината од брак со сопругот Џастин Ервин.

„Пред 9 години се омажив за љубовта на мојот живот. Тоа беше прекрасно патување со мојата најдрага личност на светот. Денес се чувствувам благодарно, возбудено и благословено бидејќи можеме да го прославиме проширувањето на семејството. Среќна годишнина, животот ќе ни стане уште поубав”, напиша тогаш Грем на социјалните мрежи.

Сега, манекенката објавила видео на Инстаграм на кое е потполна гола и одблизу ги покажала сите свои несовршености како стриите и целулитот.

„Станувам се поголема и поголема и секој ден се обидувам да го прифатам и сакам своето ново тело. Ова е вистинско патување и многу сум благодарна што имам голема поддршка”, напишала Ешли во описот од видеото.

Грам гордо објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи на кои позира во бикини или долна облека и постојано истакнува колку е важна љубовта кон себе и прифаќање на своето тело. Во едно интервју, таа открила дека понекогаш има комплекси, а најголема несигурност и создава целулитот и масните наслаги на грбот.

„Отсекогаш отворено сум зборувала за моето тело, особено за масните наслаги и целулитот кои се уште можат да ми ја „разнишаат” самодовербата”, признала манекенката која смета дека е важно жените, но и сите останати, да зборуваат за своите несигурности.

„Ако сите ние исто се чувствуваме, зошто сме постојано под стрес? Никогаш не сум била на терапија, но добро е да поразговарате со некој за работите кои ве мачат”, додала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот