Брегалница оштетена во Кратово, поништен регуларен гол за победа против Силекс

фото: Фудбалски клуб Брегалница

Во рамките од 27 коло во Првата македонска фудбалска лига немаше победник на натпреварот во Кратово помеѓу Силекс и Брегалница (0:0).

После секое одиграно коло се прави судиска анализа по која е потврдено дека е направена судиска грешка поради која клубот од Штип не дојде до сите бодови.

Анализирана е ситуацијата од 71 минута кога е направена погрешна проценка на вториот помошен судија, односно досудено офсајд позиција.

Главен судија: Ндерим Тефику; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски.

– Играч од нападот на гостите прими долга топка од соиграч, биеше кон голот на домаќините, голманот на гостите кратко ја одби топката и таа дојде до друг соиграч од екипата на гостите кој во моментот на ударот кон голот на домаќините се наоѓаше зад својот соиграч и постигна гол. Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, голот беше регуларен, бидејќи играчот што го постигна голот во моментот кога неговиот соиграч ја упати топката кон голот на домаќините, се наоѓаше позади играчот што ја упати топката – стои во судиската анализа за натпреварот Силекс – Брегалница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот