Бред Пит првпат проговори за разводот со Анџелина Џоли: Морав да ја прифатам мојата вина – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Бред Пит првпат проговори за разводот со Анџелина Џоли: Морав да ја прифатам мојата вина

Ги земав работите во свои раце колку што можев!

Бред Пит, кој глуми во новиот филм Ad Astra, чија главна тема е односот на татко и син, прв пат во едно интервју проговори за разводот од Анџелина Џоли.

Многу пати се нагаѓаше која е причината за крајот на бракот на славниот пар, а наводно тие се развеле есента во 2016 година бидејќи актерот кој во тој момент бил пијан се искарал со својот осумнаесет-годишен син Медокс.

Потоа беше осомничен за насилство над децата, но никогаш не беше обвинет.

Освен тоа проговори и за тоа како се чувствува поради тоа што старее.

– Сите носиме голема болка, осамени сме и мечтаеме по нешто. Имам пријател кој работи во дом за стари и немоќни. Тој ми кажа дека единственото нешто за што луѓето таму зборуваат е за нивните поранешни љубовни партнери, жалат за постапките кон саканите. Поради тоа мислам дека што поскоро би требало да поработам на тоа – заклучил актерот.

Во интервјуто за Њујорк Тајмс, овој месец, Пит откри дека побарал помош од анонимни алкохоличари откако Анџелина поднела документи за официјален развод на бракот.

профимедиа

– Ги земав работите во свои раце колку што можев, па така ја исфлив привилегијата на алкохолот – објасни Бред кој претходно призна дека пред разводот користел алкохол и марихуана.

– Не можам да се сетам на ден од факултетот кога не пиев или нешто слично, изјави тој.

Да потсетиме, Анџелина поднесе барање за развод од Пит во септември 2016 година, по две години брак и речиси 12 години заеднички живот. Парот има шест деца

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close