Брдо-Бриони: Милановиќ се надева дека нема да се повтори претходната „кавга на раштимани инструменти“

Фото: Слободен печат

Со билатерални средби на претседателот Стево Пендаровски со косовската претседателка Вјоса Османи и со претседателот на Албанија Бајрам Бегај пред официјалниот почеток започна лидерскиот состанок на Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

На состанокот учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

Фото: Слободен печат

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје, според најавите, се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пред состанокот рече дека се надева оти оваа средба во Скопје нема да заврши како претходните две во „кавга меѓу раштимани инструменти“ и кршење копја при усвојувањето на завршна декларација.

На ланскиот состанок конечната декларација не беше усвоена бидејќи хрватскиот претседател побара во документот да се спомене уставот на трите народи во Босна и Херцеговина, што не беше договорено од двајца членови на босанското претседателство.

Една година претходно, пак, учесниците прифатија само компромисен текст на завршната декларација поради расправиите меѓу косовската претседателка Вјоса Османи и српскиот лидер Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот