Бразилец се раздели со четири од осумте сопруги: Барам нови жени, треба да го наполнам креветот

Фото: Инстаграм/Артур О Урсо

Бразилецот Артур О Урсо веќе некое време функционира во полигамна заедница со осум сопруги, но поради несогласувања решил да се разведе со четири од нив, пишува „Дејли стар“.

Познатиот фотомодел и инфлуенсер се венчал со своите сопруги во Сао Паоло и оттогаш тие честопати зборуваат за својот невообичаен однос во медиумите. Иако првично требало да се ожени со девет жени, една од нив се откажала од идејата да живее со уште осум жени и решила да си замине.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)

Со оглед на тоа што се работи за големо семејство, Урсо изградил голема куќа наречена „Вилата на слободната љубов“. Некои од соседите не го прифатиле нивниот начин на живот, па куќата ја испрскале со боја и им напишале: „Ѓаволско семејство, одете си“.

„Сите бевме загрижени, секако. На почетокот се плашевме, но седнавме и разговаравме за да го разбереме проблемот“, изјавил Бразилецот за „Дејли стар“ и открил дека се надева дека ќе најде нова љубов – во множина, се разбира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)

Ставовите на соседството довеле до бурни дискусии во куќата, па некои од жените одлучиле да се разделат од Урсо.

„Ние се разделивме пријателски, тоа е суштината на слободната љубов. Никој не е повреден“, објаснил тој, па додал дека не знае како ќе го прошири семејството, но дека го посакува тоа.

„Имам огромна куќа со голем кревет кој некој треба да го наполни“, рекол Урсо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arthur O Urso (@arthurourso)

Видео на денот