Бразил: Сменет министерот кој во говор го цитираше Јозеф Гебелс

Фото: EPA-EFE/TV

Делови од говорот биле идентични со говорот кој е цитиран во книгата на Јозеф Гебелс.

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф Гебелс, објави Би-Би-Си.

Министерот Роберто Алвим за време на доделување на наградите за уметност, во видео на Твитер зборувал за наградите и за „јуначката“ и „национална“ уметност.

Во позадина на говорот свирела операта Лоенгрин од Ричард Вагнер, најомилениот композитор на Адолф Хитлер.

Претходно Алвим рече дека на сега избришаното видео дошло до „реторичка случајност“.

Десничарскиот претседател Жаир Болсонаро го опиша неговиот говор како „несреќен“.

– Повторувам дека ги отфрламе тоталитарните и геноцидните идеологии како нацизмот и комунизмот, како и секоја поврзаност со нив. Изразуваме наша потполна и неограничена поддршка на еврејската заедница со кои сме пријатели и делиме многу заеднички вредности – објави претседателот на Твитер.

„Бразилската уметност во следната деценија ќе биде јуначка и национална, ќе биде поддржана од силни можности за емоционална поврзаност…и длабоко поврзана со силните аспирации на нашите луѓе или нема да вреди ништо“, рече Алвим во шестминутното видео во кои зборуваше за Националните награди за уметност.

Делови од говорот биле идентични со говорот кој е цитиран во книгата на Јозеф Гебелс.

Гебелс го водел Министерството за народно образование и пропаганда, кое во нацистичка Германија било создадено за перење мозок на луѓето и величање на Адолф Хитлер.

Неговите методи вклучувале цензура во медиумите и контрола над радиските станици, како и во културата и уметноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот