Браун: Другите не би издржале ваков притисок, Ѓоковиќ се храни со оваа ситуација

Новак Ѓоковиќ ја чека конечната одлука дали ќе настапи на „Австралија опен“: Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

„Би-Би-Си“ за коментар после одлуката на судот со која Новак Ѓоковиќ е привремено слободен, барем до конечната одлука околу депортација, го побара уредникот на спортската редакција на „Телеграф“, Оливер Браун.

И покрај судската одлука во корист на најдобриот тенисер на светот, следниот ден се очекува потегот на австралиската Влада, поточно министерот за имиграција, Алекс Хок кој ќе го има последниот збор дали ќе донесе одлука за депортација на Ѓоковиќ од Австралија.

– На турнирот „Австралија опен“ би можеле да гледаме многу грда атмосфера. Можеме да претпоставиме дека Новак, дури и да се натпреварува, ќе има голема поддршка. Српските навивачи поради него правеа нереди пред хотелот во кој беше притворен. Но, кога се гледа учинокот на тенисот на Новак, тој може да биде подобар поради тоа – вели Браун.

Браун вели дека Ѓоковиќ психички е еден од најсилните спортисти во историјата.

– Ѓоковиќ се храни оваа ситуација. Другите под притисок не би издржале и би го фателе првиот лет за дома, но тој не е таков. Тој реши да остане и да се бори. Австралискиот премиер Скот Морисон вложи голем дел од својот политички капитал во случајот на Ѓоковиќ. Да не ги заборавиме следните федерални избори за четири месеци. Морисон сака гласачите да го гледаат како строг кога станува збор за теми како оваа, и тој сигурно нема да направи исклучок за никого – се зборовите на Браун.

Ѓоковиќ е толку глуп за да дозволи да биде пион на политичарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот