Братоубиство во Загреб, пронајдени две тела

Загрепска полиција / Фото: ЕПА

Најверојатно станува збор за убиство и самоубиство, соопшти полицијата. Истрагата е во тек.

Тела на двајца мажи се пронајдени денес околу 15 часот на улицата Владимир Ружјак во загрепската населба Савица.

Полицијата се сомнева дека се работи за насилна смрт.

Најверојатно станува збор за убиство и самоубиство, соопшти полицијата. Истрагата е во тек.

-Дојавата ја добивме во 15 часот, по што полицијата излезе на лице место и пронајде тела на двајца мажи. Истрагата започна околу 17 часот и се уште трае- изјавија за Индекс.хр од полицијата во Загреб.

Брат си го убил братот, па си пресудил?

Неофицијално се знае дека станува збор за кривично дело сторено во блиско семејство, поточно пресметка меѓу двајца браќа во која едниот го усмртил родениот брат, а потоа и самиот си пресудил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот