Бранко Коцкица со нож тргнал на седница на белградското Градско собрание

Бранко Коцкица/ Фото Twitter 24sata.hr

Членот на Градското собрание Бранко Милиќевиќ, познат како Бранко Коцкица, внесе нож во собраниската сала каде денеска се одржуваше седницата на Градското собрание, пренесува српски Блиц.

Ова го „открил“ скенерот на самиот влез во објектот од улицата „Крал Милан“, каде привремено се одржуваат седниците на белградскиот парламент.

Имено, Милиќевиќ, припадник на СНС, како и сите кои присуствувале на седницата, мораат да поминат низ детектор за метал.

Скенерот „свирнал“ додека тој поминувал, а откако бил извршен претрес во неговата чанта, бил пронајден нож.

Како што пишува Новости, тој се сетил дека заборавил да го остави т.н швајцарски армиски нож, кој го предал на обезбедувањето, кое привремено го задржало до крајот на седницата.

Седниците на градскиот парламент веќе извесно време се одржуваат во привремената сала, во поранешниот дом на Народното собрание во Краља Милана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот