Бранислав Лечиќ не сака пари, туку само едно од Анѓела Јовановиќ: Актерот и актерката денеска се на суд

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејсбук

Српската актерка Анѓела Јовановиќ одби да ја дели сцената со колегата Бранислав Лечиќ во серијата „Радио Милева“, што предизвика големо внимание во јавноста. По овој настан, Лечиќ одлучи да ја тужи Јовановиќ за повреда на честа и угледот, а како резултат на тоа неговиот ангажман во серијата е откажан.

Продуцентот на серијата „Радио Милева“ наводно му понудил на Бранислав Лечиќ да му го исплати хонорарот, но тој го одбил тоа и побарал извинување од Анѓела Јовановиќ.

Според пишувањето на медиумите, Анѓела Јовановиќ јавно изјавила дека не сака да игра со „силувач и сексуален насилник“, како и дека ќе го напушти проектот од револт доколку Лечиќ биде ангажиран на снимањето на серијата.

„Кога тужената Анѓела Јовановиќ дознала дека Лечиќ треба да биде ангажиран на снимањето на серијата „Радио Милева“, јавно негодувала и изјавила дека не сака да игра со силувач и сексуален насилник и дека ако Лечиќ биде ангажиран на снимањето на серијата, ќе го напушти проектот од револт“, пишува во тужбата, тврди српски „Курир“.

Како што објавија српските медиуми, Лечиќ требало да гостува во серијата, а во спорната сцена ликот на Анѓела требало лажно да го обвини новиот херој за силување. Но, откако одбила да соработува, улогата на Лечиќ му припаднала на Ирфан Менсур.

Денеска се одржа првото подготвително рочиште на кое се сретнаа Бранислав Лечиќ и Анѓела Јовановиќ, а јавноста со нетрпение го очекува натамошниот развој на настаните.

ВИДЕО | Ова сцена Анѓела Јовановиќ одби да ја игра со Бранислав Лечиќ: Откриено и кој актер го заменил

Млада српска актерка доби тужба од Бранислав Лечиќ: „Не сакам да сум во ист кадар со тој човек“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот