Бранимир Јовановиќ: Тоа што го објави Владата не е даночна реформа

Проф.- д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии / Фото: „Слободен печат“

Бранимир Јовановиќ, економист од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, кој важи и за голем поборник на прогресивното однаочување, во изјава за „Слободен печат“ вели дека „тоа што го објави Владата не е даночна реформа“.

– Не е реформа, затоа што нема да се смени скоро ништо во однос на тоа што го има сега кај даноците (освен што морските плодови ќе имаат ДДВ од 10% наместо 5%). Не е праведно, затоа што богатите и понатаму ќе продолжат да плаќаат пониски даноци од сиромашните. Но, сепак мислам дека е добро што владата се откажа од идејата да ги даночи хонорарците со придонеси (сега тоа ќе биде на доброволна основа, што е добро), и од намерата да ја даночи реинвестираната добивка. За доходот од камати на штедни влогови, мислам дека требаше да направат само оние со високи приходи да плаќаат данок, наместо целосно да го укинат даночењето- вели Јовановиќ.

Тој вели дека е лошото е што владата уште еднаш потврди дека нема намера да воведе прогресивен данок, односно да ги даночи богатите, што беше едно од нивните главни ветувања пред да дојдат на власт.

– Во Македонија најбогатите 1% од луѓето плаќаат пониски даноци од сиромашните 20%. Македонија има една од највисоките стапки на сиромаштија во цела Европа, а во исто време, најбогатите 1% земаат најголем дел од националниот доход во цела Европа. Овие работи можат да се исправат само со прогресивен данок, и на личниот доход, и на добивката. Но за жал, владата уште еднаш потврди дека нема намера да ги чепне богатите – вели Јовановиќ.

Павле Гацов, даночен експерт: Даночната реформа требаше порано да се претстави, носи неизвесност за фирмите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот