Брајан Адамс во Скопје: Да не се брзате некаде? Јас планирам вечерва многу да пеам! (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Брајан Адамс во Скопје: Да не се брзате некаде? Јас планирам вечерва многу да пеам! (ФОТО+ВИДЕО)

Сопственикот на најубавите балади во светот - Брајан Адамс го започна долгоочекуваниот концерт во Скопје.

Со 30 мин задоцнување канадската ѕведа се појави на големата бина во спортскиот комплекс “А1 арена” и ги поздрави илјадниците фанови со: “Здраво Македонијо”, а прва композиција од неговото “мени” беше “The last night on earth”.

Потоа следуваше “Heaven”, а Брајан прилично расположен повторно и се обрати на публиката: “Да не се брзате некаде? Јас вечерва имам многу за пеење”, на што публиката го поздрави со овации.

Инаку во публиката може да се забележат и доста познати личности од светот на политиката, странски амабасадори, пејачи, музичари, а присутен исто така е и премиерот Зоран Заев.

Погледнете дел од атмосферата:

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Фото: Слободен печат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close