Божиќни цитати кои ќе ви го стоплат срцето

Оној кој не го носи Божиќ во срцето, никогаш нема да го најде под елката.

Божиќ е еден од најубавите празници во годината. Време, кога семејството и пријателите се собираат и си разменуваат убави мисли.

Иако е убаво да се добие божиќен подарок, многу поважно е да се даде и сподели љубов во божиќниот период, убав збор и прегратка. Бидејќи благосостојбата нема да биде во нас ако не ја шириме и ако не ја посакаме и на другите.

Затоа, ние споделуваме со вас избор на десет најубави божиќни цитати од познати личности.

Не дозволувајте минатото да ви ја украде сегашноста. Вистинската порака на Божиќ е дека сите ние никогаш не сме сами.

Тејлор Калдвел, писателка.

Ако оваа година никој не планира да ми донесе подароци за Божиќ, не грижете се. Кажете ми само каде живеете и јас ќе дојдам сам да си ги земам подароците.

Хени Јангман, комичар и музичар.

Не е важно што ќе најдеш под елката, туку кого ќе најдеш до себе.

Стивен Литлворд, писател

Предлози за божиќни подароци: на непријателот – простување, на противникот -толеранција, на пријателот – срце, на клиентот – услуга, на сите – милосрдие. На секое дете – добар пример. На себеси – почитување.

Орен Арнолд, писател.

Божиќ треба да биде дрво што гори во огништето, мирис на бор и на вино, добар муабет, убави спомени и обновени пријателства …Но, ако тоа недостасува, љубовта ќе биде доволна.

Џеси О Нил, глумец.

Божиќ е секогаш кога ќе му дозволиш на бог да ги сака другите преку тебе.

Мајка Тереза

Божиќ е време кога треба да го запалиме огнот на гостопримството, дома, и срдечниот пламен на добродетелството во срцето.

Вашингтон Ирвинг, писател.

Не грижете се за висината на вашата елка. Во детските очи сите елки се високи десет метри.

Лери Вајлд, комичар.

Спомените, како свеќите, најмногу горат на Божиќ.

Чарлс Дикенс, писател.

Оној кој не го носи Божиќ во срцето никогаш нема да го најде под елката.

Рој Смит, новинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот