ВИДЕО | Бошков: Газдите што не ги исплатија субвенциите и платите се без деловен и личен морал

Кај нас поимувањето на малиот бизнис или водењето на бизнис пред сѐ се заснова на концептот да се заработува нешто за животна егзистенција и тука на некој начин проткајува нитката да се учи да се води бизнис и се уште влијанието на незнаењето е присутно. Последици ќе ги гледаме и чувствуваме кога ќе почнат сериозно да се враќаат кредити и да се менува побарувачката, потрошувачката, стилот на понудување на услуги, на производи, изјави во Утрински брифинг Миле Бошков, претседател на конфедерацијата на работодавачи.

– Мотивот за егзистенција на секој работодавач, сопственик е нарушен со инфеормацијата дека околу 500 компании кои и покрај тоа што ја добија помошта ги изневерија своите рабвотници. Во споредба од 70.000 копмании 500 компании се помалку од 1% но тие ја креиораат сликата на опасноста зошто работниците треба да бидат заштитени и на потребата на едно Здружение на работодавачи да ги поттикнува на етичко водење на бизнис. Од тие 500 го гледаме тој мотив, за да ја испратиме пораката дека компаниите мора да бидат одговорни и да се грижат за вработените. Ова што се случуваше или мотивот за еден ваков чин е навистина необјаснив и се срам особено затоа што тие пари во пакетите беа наменети за вработените, додава Бошков.

-Тие што се отпуштаат, особено во текстилната индустрија, особено во Македонија е индистрија на застарена технологија и затоа толку вработени се отпуштаат. Од тие луѓе не може да бараме нови идеи и претприемачи, згора на тоа отпрeмнините се незначителни, а од друга страна ентузијазмот на тие средновечни луѓе да се ангажираат за инвестирање во нови бизниси е дискутабилно. Ние иднината ја гледаме во младите, во дигитализацијата, во било која смисла. Но она што највеќе не загрижуваше во оваа година, година и пол наназад, е што после првите три месеци многу малку имаше преструктурирање во некои индстрии и никако не се вклучија да го освојат домашниот пазар, ново брендирање итн. Бележиме енормно голем пораст во е-трговијата и кога ги менуваме навиките бизнисот треба да се фокусира во таа насока, смета Бошков.

-Мора да знаат дека нашата легислатива мора да биде почитувана од првата до последната буква. Има сет на закони во трудовата, коорпоративната, економската и заштитата на животната средина кои мора да се почитуваат. Прво ги учиме во насока на почитување на законот за бизнисот да биде оддржлив. Во спортивно инспекторот или неодржливоста ќе тропнат на врата и во тој момент почнува д асе ниша столицата на стабилноста. Мора да ги учиме дека треба да се грижат за луѓето, човечкиот капитал и секој чекор кој се однесува на тој човечки капитал мора да биде предмет и затоа секогаш финасискиот дел, одржливиот дел мора да биде во нивото или во плус со она што е трошок за работење, вели Бошков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот