Босанците елиминирани во баражот: Фарски Острови за првпат ќе игра на Светско првенство
Се дознаа три нови учесници кои ќе бидат дел од Светското ракометно првенство во машка сениорска конкуренција во Германија (13-31 јануари 2027 година).
Препорачано
Норвешка која на првиот натпревар од мундијалскиот бараж дома славеше со 43:30, беше подобра и на реваншот против Турција со резултат 37:30 во Чанкаја/Анкара.
Во победничките редови Род реализираше седум голови, а на спротивната страна девет постигна Јилдиз.
Откако пред своите навивачи беше совладана со 24:22, селекцијата на Босна и Херцеговина одеше по целосен пресврт на возвратниот дуел со Фарски Острови.
Во текот на првото полувреме во Торшавн, Босанците контролираа водство од еден-два голови разлика и ги одржуваа шансите во овој двомеч.
Но, во вториот дел домаќините се покажаа како многу подобар противник, при нерешени 22:22, Фарски Острови направи серија од 6:1. БиХ за момент се доближи до „минус три“ (28:25), но домаќинот не дозволи никакво изненадување, повторно се одвои на „плус шест“ за 31:25 на четири минути до крајот.
Фарски Острови за прв пат во својата историја ќе игра на Светско првенство. Кај домаќините се истакна Ав Теигум со 11 погодоци, а за БиХ блескаше Шахиновиќ со 10 погодоци.
По првиот меч кој го доби со 32:27, Шпанија по вторпат сега и на реваншот на неутралниот терен во Буенос Аирес, Аргентина, триумфираше над Израел со 36:29.
Кај Шпанците доминираше Фернандез со шест погодоци, а на спротивната страна по седум голови имаа Низри и Лумбросо.


