Борисов: Ги кажавме нашите услови за ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија-да не си поставуваат невозможни услови

Бојко Борисов/ Фото: Архива на Слободен Печат

Ние кажавме кои се нашите услови за Република Северна Македонија да биде примена во Европската унија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на министерскиот совет вечерва по Самиот ЕУ-Западен Балкан, пренесува БГНЕС.

Борисов потсетил дека Бугарија прва не поддржа за НАТО, додавајќи:

– Што да им кажеме на крајот, дека сме Македонци? Ние ги сакаме, ги почитуваме и би им дал најбратски совет – да не си поставуваат невозможни услови, рекол Борисов, пренесува БГНЕС.

Најпријателски, посочил Борисов, им кажуваме да се држат до тој пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот