Фото: Zlatibor Mozzart/Foto Nikic

Борац Чачак по вторпат го совлада ТФТ Скопје и обезбеди опстанок во АБА лигата

Српскиот кошаркарски клуб Борац Чачак го потврди квалитетот со уште еден убедлив триумф, сега и во вториот меч против ТФТ во Скопје со 97:65 за опстанок во АБА лигата.

Македонскиот претставник не успеа во обидите да обезбеди трет меч во серијата од баражот пополнување на место во регионалното натпреварување.

Гостите ја потврдија доминацијата од првиот натпревар на свој терен каде исто така остварија убедлив триумф. Уште по првото полувреме беше јасно дека ТФТ има многу мали шанси да дојде до посакуваната победа бидејќи Борац замина со предност од 52:35 на одморот.

ТФТ беше рамноправен во третиот период, но во последниот успеа да постигне само девет поени и на крајот убедливо беше победен, од реално поквалитетниот противник.

Џастин Гордон со 18 поени беше најефикасен играч кај ТФТ, го следеше Дејвис постигна 15, додека Говенс заврши со 11 поени.

По овој неуспех во АБА баражот, ТФТ сега се насочува кон домашните обврски. Веќе во вторник, „црно-белите“ ги очекува вториот натпревар од полуфиналната серија, против Маџари, екипа која има водство од 1:0 и го има домаќинството на тој дуел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот