Бонева: Големи се лагите дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци

Фото: Слободен печат

Со 6.967 докази и 28 сведоци ќе докажам пред судот и пред јавноста дека обвинението поднесено против мене е невистинито и паушално, исто како што беа и големите лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, изјави по денешниот процес за аферата „Друмарина“, обвинетата во овој случај, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

– Големи се лагите дека сум купила станови со криминални пари. Медиумски линч со години беше спроведуван врз мене врз основа на тие лаги. Во врска со мојот предмет до сега се направени бројни нарушувања на законот. Од тие причини се обратив до Народниот правобранител, кој што по разгледување на мојата преставка и документацијата донесе одлука да започне постапка со цел за заштита на моите права – рече Бонева.

Според Обвинителството, таа со намера за себе да прибави противправна имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи ист траен однос.

„Таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања за присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари“, соопштија на 4 септември од ОЈО кога го поднесоа обвинението до судот во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот