Бомбастично тврдење: Пол Макартни откри кој член е виновен за распаѓањето на „Битлси“

Profimedia

Британскиот музичар Пол Макартни проговорил отворено за распадот на легендарната група „Битлси“ во 1970 година и открил дека, всушност, Џон Ленон бил тој што одлучил да се распадне популарниот бенд, а не тој, како што со децении се пишувало.

– Не го поттикнував разидувањето. Тоа беше нашиот Џони – рекол Макартни за „Би-би-си Радио 4“ во интервјуто што ќе се емитува во целост на 24 октомври.

Neverovatan život Pola Makartnija: Neke priče su toliko neverovatne da  razmišljaš da li je moguće da su se desile! (FOTO)

Фото: Профимедиа

„Џон влезе во собата еден ден и рече: „Ги напуштам „Битлси““. Дали е тоа причина за разидување или не?“, рекол Пол, пишува „Гардијан“.

Макартни рекол дека менаџерот Ален Клајн ги советувал да молчат за распаѓањето на групата додека преговарал за договори во нивно име, но сега 79-годишниот басист станал нетрпелив и одлучи да открие кој стои зад раскинувањето.

– Ми здодеа тоа да го кријам – рекол музичарот.

Макартни појаснил дека страстите на Ленон кој неговата сопруга Јоко Оно биле неспоиви со тоа бендот да продолжи заедно да пишува и да снима. Тој додал дека Ленон „сакал да лежи во кревет една недела во Амстердам поради мир и со тоа не можеш да се расправаш“.

– Поентата навистина беше во тоа дека Џон создаваше нов живот со Јоко. Џон секогаш сакаше да се отцепи од општеството затоа што го воспитувала неговата тетка Мими, која беше доста репресивна, така што секогаш сакаше некако да се ослободи –  објаснил Макартни. 

Фото: Профимедиа

Тој додал дека Ленон одлуката за заминување ја нарекол „доста возбудлива“ и ја опишал „како развод“. Во исто време, Макартни ги нарекол Џон и Јоко „одлична двојка“.

„Тоа беше мојот бенд, тоа беше мојата работа, тоа беше мојот живот, така што сакав тоа да продолжи“, рекол Макартни за неговата тогашна желба да го задржи бендот заедно. „Не поттикнував распаѓање. Тоа беше нашиот Џони кој дојде еден ден и рече „ја напуштам групата“.

Интервјуто ќе се емитува околу еден месец пред премиерата на претстојниот документарен филм на режисерот Питер Џексон за последните денови на бендот насловен „Врати се“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот