Болсонаро го турка синот за претседател на Бразил
Поранешниот претседател, кој излегува од затвор само за операција, ја шокираше јавноста со одлуката да го турне својот син Флавио во трка против Лула да Силва во 2026, отворајќи ново политичко жариште во Бразил.
Препорачано
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ја поддржа претседателската кандидатура на својот син за изборите во 2026 година, накратко излегувајќи од затвор за уште една операција поврзана со прободувањето со нож што го преживеа пред седум години, пренесе „Ројтерс“.
Сенаторот Флавио Болсонаро, 44 години, изјави дека има намера да го зацврсти конзервативното наследство на својот татко на изборите закажани за 4 октомври, каде ќе се обиде да го порази актуелниот левичарски претседател Луиз Инасио Лула да Силва.
Синот на Болсонаро ќе се кандидира за претседател на Бразил на изборите во 2026 година
„Мојата работа е да не дозволам волјата на народот да биде замолчена, па затоа донесувам одлука да го номинирам Флавио Болсонаро за мој претседателски кандидат за 2026 година“, стои во писмото на Жаир Болсонаро што неговиот син го прочита пред болницата во градот Бразилија, каде што поранешниот претседател се лекува.
Тој е на планиран третман за хернија, објави неговата сопруга Мишел Болсонаро на социјалните мрежи.
Жаир Болсонаро, кој има 70 години, има долга историја на хоспитализации и операции поврзани со прободувањето што го претрпе за време на кампањата во 2018 година, меѓу кои и 12-часовен третман за повторливи цревни проблеми во април.
Судијата на Врховниот суд, Александар де Мораес, му одобри на Болсонаро привремено да го напушти затворот заради операцијата, каде што ја отслужува 27-годишната затворска казна за заговор за државен удар.
Ќелијата на поранешниот претседател, во која нема компјутери и мобилни телефони, е под постојан полициски надзор.
Поранешниот претседател, кој е оценет како лице со ризик за бегство по изрекувањето на пресудата, беше уапсен кон крајот на ноември и ја започна казната три дена подоцна.
Веста за кандидатурата на помладиот Болсонаро овој месец предизвика потреси на финансиските пазари. Инвеститорите претходно очекуваа дека поранешниот претседател ќе поддржи поискусен политичар, како гувернерот на Сао Паоло, Тарцисио де Фреитас, негов поранешен министер за инфраструктура.


