Болниците во Њу Делхи остануваат без кислород

Фото: EPA-EFE/STR

Многу луѓе починале додека чекале кислород, а над 99 проценти од сите кревети на интензивна нега се зафатени.

Шест болници во главниот град на Индија, Њу Делхи, останаа без кислород, а лекарите велат дека другите болници имаат кислород за уште само неколку часа.

Многу луѓе починале додека чекале кислород, а над 99 проценти од сите кревети на интензивна нега се зафатени.

Индија е во екот на нов бран на пандемијата на коронавирусот и регистрира најмногу новозаразени за еден ден во светот.

Во последните 24 часа се регистрирани 314.835 нови случаи на коронавирус, додека смртните случаи се зголемени за 2.104.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот