Болни и изнемоштени за гласање на изборите ќе се пријавуваат од утре

Фото: Архива

Почнува пријавувањето на болните и изнемоштените лица, кои можат да го искористат своето право на глас на 14 јули односно ден пред изборите. Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева, изјави дека пријавувањето во просториите на ОИК-Штип почнува од утре (1 јули). Имаат дежурни членови кои ќе ги примаат пријавите. Доставената документација членовите ќе ја разгледуваат заедно со лекари специјалисти.

– Правилникот од  лани, кој излезе во Службен весник, како и полани и на секој избирачки процес важи, и во него се наведува кои луѓе можат да гласат дома, Но, сите оние кои се во самоизолација, изолација или имаат дијагноза Ковид-19 преку полномошник и со решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, нека не информираат за да можеме да направиме една табела и тоа да го доставиме до ДИК – рече Андреева.

Таа посочи дека на 8 јули ќе имаат и дежурство до полноќ, за да можат да се пријават болните и изнемоштените лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот