Боки-13 го изгуби спорот со „Систина“, сега треба да плати 11.000 евра

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Судијката Лилјана Зафировска-Петреска од Основниот суд Скопје 2 ја одбила жалбата поднесена од Бојан Јовановски познат како Боки 13 против Клиничката болница „Аџаибадем Систина“.

Таа пресудила дека Јовановски на име на долг кон болницата ќе мора да исплати 634.251 денари или околу 10.313 евра плус адвокатски трошоци на оштетената страна. Тужбата на Јовановски била одбиена како неоснована.

Јовановски бил корисник на здравствените услуги во болницата за што му била изготвена фактура во висина од 634.251 денари. Сето се случувало во периодот од 12.1.2019 година до 18.1.2019 година. Фактурата му била испорачана со препорачана пратка, но тужениот не ја исполнил својата обврска кон тужителот и до денес ја немал платено фактурата за извршена операција за стеснување на желудникот.

Заедно со адвокатските трошици Јовановски ќе треба да исплати 11.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот