Боки 13 е пуштен на домашно лекување

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, дознава Слободен печат од судски извори.

Неофицијално,причината била лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори и клиники каде до сега се лекуваше Боки 13.

Ова значи дека Боки 13 ќе продолжи да се лекува од слобода. Јовановски пред неколку месеци помина тешка операција со која му беше отстранет 90% од желудникот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ потврди дека одлуката ја добиле, за која смета дека е задоцнета, но сепак е праведна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот