Богојески: Групата Евреи ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство

Петар Богојески/ Фото Слободен печат

Петар Богојески од Македонски концепт им понуди на припадниците на еврјската група Лев Тахор да се сместат на неговиот имот во Крушево.

„Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат… да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија! Немам комуникација со Еврејската заедница во Македонија, но слободно можете да ме контактирате, за да Ви помогнам!
Бог е голем, а ние смртните може само да помогнеме, вели Богојески.

Тој додава дека оваа група е прогонувана од сите само зашто практикуваат фундаментален Јудеизам и апелира антисемитизмот да запре.

Групата Лев Тахор последен пат беше сместена во охридското село Лакочереј чии жители најавуваа протесети и се заканија дека нема да ги пуштата децата во училиште.

Еврејската заедница пак побара од надлежните органи да превземат соодветни мерки против оние кои ширеле говор на омраза по повод престојот на ортодоксно религиозната еврејска група Лев Тахор во државава, која како што наведоа во соопштението, е во основа мирољубива и не загрозува никого.

Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор во Македонија се веќе 17 дена, а престојуваа во Куманово, Скопје и сега во охридско.

Лев Тахор: Имаме дозвола од тримесечен престој тука, а немаме намера да останеме ни повеќе од еден месец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот