Богоев: Заедно го развиваме Карпош

Градоначалникот на општина Карпош преку соопштение им се обрати на граѓаните. Во продолжение во целост го пренесуваме обраќањето на Стефан Богоев:

„Две години заедно го развиваме нашиот Карпош, срцето на Скопје!

Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја, а континуирано се работи на обнова на блоковското зеленило и на подигнување повеќе тревни површини, во различни населби на Општина Карпош.

Направивме нов парк – сквер во Тафталиџе 2.

Добивме нова фитнес зона на Кејот на реката Вардар.

Зона за спорт и рекреација имаме и во Карпош 4.

Влае 2 доби современ парк за миленици.

Простор за домашните миленици направивме и на Кејот на реката Вардар.

Добивме нов објект на градинка во Тафталиџе 2, како и целосно нова градинка во Бардовци.

Со „ Мој Карпош – моја картичка” карпошани добиваат бројни попусти и бенефиции.

Се обнови и игралиштето „Сокол”, а се рестартираше и Меморијалниот турнир во мал фудбал, којшто е симбол за маалска дружба.

Целосно ја реконструиравме и улицата „Варшавска”, која доби и нова водоводна и канализациона мрежа.

Се обнови и улицата „Карпошово востание” во населбата Карпош 3.

По повеќе децении, нов лик доби и улицата „Њуделхиска”.

„Партизан” не го забораваме. Работиме на негово враќање во наше владение, по што ќе следи целосна реконструкција на објектот. Овој дел ќе остане со намена за спорт и рекреација.

Изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, како едно од главните ветувања во мојата програма, започнува овој октомври. Целосно ќе го разубавиме делот од Вештачката карпа до бунарите на река Лепенец, со многу спортско – рекреативни содржини и зеленило.

Ви благодарам за досегашната поддршка, за секоја критика и сугестија.

Со љубов за Карпош. Продолжуваме заедно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот